– Утрово околу 05.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во местото викано Ливаде, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(26) од Ранковце и патничко возило „фолксваген туран“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.К.(39) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во незгодата, како што посочуваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на „поло“, додека останатите се С.К. и сопатниците Ѓ.К.(57) и Н.Ѓ.(44) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.