Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 45-годишен кумановец бидејќи се однесувал агресивно и се заканувал на вработените во угостителски објект. С.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.