Црвен крст на Република Северна Македонија – општинска организација Куманово во перидот до 15-ти февруари идната година ќе продолжи да ја спроведува кампањата по прва помош под мотото ,,Првата помош спасува живот‘‘ наменета за ученици од основни и средни училишта на возраст од 12-18 години на територија на Република Северна Македонија. Главна цел на кампањата беше да се подигне свеста кај младата популација за значењето на првата помош како животоспасувачка вештина.
Општинската организација Куманово во предвидениот период, со кампањата предвидено е да опфати околу 700 ученици и 15 наставници од општинските училишта. До сега спроведени се две обуки, една во ОУ ,,Бајрам Шабани‘‘ и една во ОСТУ ,,Наце Буѓони‘‘ и едуцирани се 295 ученици.
Продолжуваме понатаму се до исполнување на нашата цел да се опфатат што е можно повеќе младинци кои ќе се стекнат со основните вештини на згрижување и дејствување, затоа што ,,Првата помош спасува живот‘‘, велат од Црвен крст Куманово.