Членовите на Локален економско – социјален совет ЛЕСС, заедно со надворешните претставници од Агенцијата за вработување, невладиниот сектор и претставници од Занаетчиската комора, денеска во Општина Куманово, ја одржаа третата средба на ЛЕСС годинава.
На состанокот беа разгледани тековните иницијативи за локален економски развој, отворање на нови индустриски зони наменети само за домашни фирми и компании и разгледување на можност за реконструкција на постоечката инфраструктура, нови вработувања и формирање на тематски работни групи/комисии за економски развој, образование, млади, социјала и групи од други области.
На средбата беа потенцирани досегашните чекори на ЛЕСС, предложени нови иницијтиви и координација на активности кои ќе се преземаат во идниот период.