-Факт е дека имаме нова влада во Бугарија, ги видов пораките со честитки што се разменија, што е многу добредојдено. Од наша страна, како делегација на ЕУ, ние ќе се фокусираме на помагање на државата да ги имплементира реформите. Како што веќе реков, има голем момент и голема можност за проширување на ЕУ. Премиерот веќе двапати досега беше во Брисел во декември, значи има интензивна дипломатска активност. Она што се обидуваме да го направиме тука е она поради што оваа дипломатска активност тече, помагањето во надминувањето на овој проблем и поместувањето нанапред. Ние се фокусираме на испорака на реформите, а особено реформската агенда, која беше одобрена од Владата“, рече евроамбасадорот Михалис Рокас по средбата со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.