Пожарникарите од Куманово во текот на вчерашниот ден гаснеле сува трева на православните гробишта во село Горно Којнаре, а нивни колеги од Општина Старо Нагоричане интервенирале на опожарена сува трева во селото Макреш, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според билтенот на РЦУК, пожарот во селото Никуштак, Општина Липково вчера повторно бил активиран. На терен биле присутни двајца работници од ЈП „Национални шуми“, подружница Куманово, но, како што информирале, патот бил непрооден.