Сто и шеесет барања од граѓани и правни субјекти поднесени се до Општина Куманово за надомест на штети предизвикани од невремето што го зафати градот минатиот месец, информираа неодамна од Општината.
Рокот за поднесување барања за обесштетување истече на 31 јули, согласно одлуката на Комисијата донесена по невремето од 20 јули годинава.
По извршениот увид на терен и проценката на висината на штетите, Комисијата ќе изготви елаборат-извештај, кој ќе биде доставен до надлежната комисија формирана од Владата за понатамошно постапување.