Во рамките на Кумановското културно лето, на 20.08.(четврток), на градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи XXII издание на Меѓународен тамбурашки фестивал – Куманово 2026. Покрај многубројните учесници на тамбурашкиот фестивал ќе настапи и Тамбурашкиот состав „Ла Банда“ од Нови Сад. Меѓународниот тамбурашки фестивал е во организација на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
По 22-ри пат во Куманово, на 21 и 22 август на градскиот плоштад ќе се одржи и фестивалот на дувачки оркестри „Рома труба фест“. На меѓународниот фестивал ќе настапат 12 оркестри од Македонија, Србија, Бугарија и Франција. Организатро на фестивалот е Ансамблот за народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“ од Куманово, а се одржува со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам.