Четвртиот третман на терестичка дезинсекција (против возрасна форма на комарци), ќе започне утревечер на полноќ и ќе се одвива до раните утрински часови на повеќе локации во градот, информираат од општина Куманово.
Вториот третман против крлежи на јавни зелени површини предвидено е да се реализира на 21 и 22 август, со почеток во раните утрински часови, од 05:30 до 08:00 часот, со препаратот ЦИМИНА ПЛУС со активна материја Cipermethrin.
Во случај на неповолни временски услови, третманите ќе бидат одложени до првиот ден, кога временските услови ќе дозволат да се реализираат планираните активности, соопштуваат надлежните.