На градскиот плоштад вечерва ВМРО -ДПМНЕ организира трибина на тема: „Од енергетска стабилност до силна економија“, на која ќе говорат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово и директор на Царинска управа Бобан Николовски, пратеникот Бране Петрушевски и директорот на ЕСМ Лазар Узунчев.
Трибината е со почеток во 19.30 часот.
Вечерва од 21 часот во големата сала на поранешен комитет започнува и средбата на раководството на Движењето ЗНАМ со членството, како дел од партискиот караван насловен како „Со срце за нашата општина”.
Со членовите на ЗНАМ ќе разговараат претседателот на партијата Максим Димитриевски, претседателот на општинската организација Даниел Стојчевски и организацискиот секретар Сашо Петрушевски.