Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 70 новозаболени од ковид 19. Тројца од нив се од Куманово.
Во текот на изминатото деноноќие, нема регистрирани починати лица.
Бројот на активни случаи на ниво на земјава изнесува 327. Од Куманово активни на вирусот се 12 лица.