Учениците кои што досега не се запишале во средно образование имаат можност тоа да го сторат во августовскиот уписен рок.
Пријавувањето на учениците започнува од вечерва на полноќ до утре до 15.00 часот електронски.
Доставувањето на потребната документација до училиштата е утре од 08.00 часот до 17.00 часот.
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште ја објавува на 22 август 2025 година, најдоцна до 10.00 часот.
По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.