Малолетник од Куманово изминатиов викенд бил физички нападнат од врсник во двор на основно училиште. Случајот е пријавен во СВР Куманово од страна на 41- годишен кумановец, татко на нападнатото дете.
Полицијата работи на расчистување на случајот, информира МВР.
Уште еден физички напад викендов во Куманово. Во СВР Куманово е пријавено дека шеесет и тригодишен кумановец бил физички нападнат од свој шест години постар сограѓанин.
И на овој случај се работи, соопшти МВР.