Во првите три месеци од годинава ЈП „Водовод“ бележи загуба од над 6 милиони денари, покажува извештајот за финансиското работење.
„Споредбено со истиот период од претходната, 2024 година загубата е за два милиони помалку“, истакна Оливер Стојмановски, в.д. директор на ЈП „Водовод“, посочувајќи дека во периодот е евидентирано зголемување на приходите од околу 11 милиони денари од продажба на вода и услугите кои ги дава „Водовод“ .
Најголем проблем, според Стојмановски е делот – плати и надоместоци на плати односно зголемувањето на минималната плата, зголемувањето во делот на потрошена електрична енергија бидејќи станува збор за грејна сезона, како и во делот на наем – набавка на возила со финансиски лизинг, со платено учество од 20 проценти од возилата и три рати од 124 илјади денари.
Советникот од Движење ЗНАМ, Дарко Митевски смета дека сите долгови кои се провлекуваат речиси две децении треба да бидат отпишани од државата.
Видеото по вестите во 18 часот.