Делегиран буџет за 18 национални установи е новината во Годишната програма за култура од национален интерес за 2025, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната прес-конференција во Владата.
Вкупниот буџет на Министерството за култура и туризам за 2025, распределен за финансирање проекти од национален интерес во културата, изнесува 814 милиони денари и е поголем за 74 милиони денари во однос на буџетот од минатата година
„ Од оваа година, и во следниот период, МКТ ќе се посвети на целосно враќање на сјајот на националните установи, како програмски, така и во делот на инвестициско-техничко одржување и кадровско екипирање. Со правилно планирање на буџетските средства, а врз основа на сеопфатна анализа, видно зголемување на буџетските програми има во дејностите драмска за 40%, библиотечна, меѓународна и заштита на аудиовизуелните добра за 30%, потоа во визуелни уметности, архитектура и дизајн, како и во издавачка дејност за 25 отсто“, рече министерот
На конкурсот пристигнале 2.888 пријави, а подджани се 1.365 проекти.