Средношколци од „Перо Наков“ ја посетија ТВ Плус

Средношколци од економското училиште „Перо Наков“ денеска ја посетија Телевизија Плус. Тие се запознаат со улогата на медиумите во едно општество, начинот на функционирање и предизвиците со кои се соочуваат новинарите секојдневно на терен.

Главниот уредник на телевизијата Драган Ивановски ги информираше на кој начин се создаваат вестите, новинарските стандарди и уредувачката политика. Зборуваа и за медиумската писменост, но и за лажните вести.

Учениците истакнаа дека се среќни што можат одблизу да се запознаат со функционирање на една локална телевизија.

-Во телевизијата дојдовме за да ги посетиме просториите и да видиме на кој и на каков начин работи медиумот-нагласи Теодора Спасовска, ученичка во СОУ Перо Наков.

-Дојдовме овде по повод Светскиот ден на медиумите за да видиме и дас е запознаме со работата на истите и да се информираме зошто е важна медиумската писменост. Всушност младите треба многу повеќе да бидат информирани и да знаат кои информирации да ги примат со резерва а кои со потполна доверба-дополни Николај Павловски, ученик.

Посетата е по повод Медиумски ден, кој го организира Високата школа за новинарство и односи со јавноста, во рамки на проектот Медиумска писменост во ера на наплив на информации, коалиција за медиумска писменост, кој се реализира во партнерство со весникот „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите, а со поддршка на Европската Унија. Идејата на овој настан е младите да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, начинот на кој функционира една редакција, како и со основните новинарски професионални стандарди.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)