ГРОМ: Општината да го осветли градот

До локалната власт ништо не допира, ниту критики ниту пофалби и предлози, а најмалку замолници, но ние ќе продолжиме да укажуваме, истакнаа од општинската организација на ГРОМ. Тие го поздравија поправањето на ударните дупки низ градот, нагласувајќи дека тоа ќе го направи побезбедно движењето на граѓаните. Но посочија дека мора да се води сметка за квалитетот, за да не се случи како минатата година исти дупки да се крпат неколкупати.
-Првата замолница се однесува на шеталиштето…

Read More

Преполни контејнерите на „Никшиќка“ и „Титова Митровачка“

Неподнослива реа се шири од преполните метални контејнери кои што се наоѓаат на улиците „Никшиќка“ и „Титова Митровачка“, во населбата „Гоце Делчев“. Поради преполнетост ѓубрето е расфлано насекаде, а станарите кои што не сакаа да зборуваат пред камерата, се жалат дека непријатната миризба особено се чувствува во вечерните часови. Тие стравуваат дека поради ненавремено отстранување на отпадот, на овие високи температури може да се појават различни бактерии. Додаваат дека покрај контејнерите често се формираат вакви…

Read More

Кризата за вода продолжува

Продолжува проблемот со водоснабдувањето во градот. Повторно се без вода високите зони, дел од булеварите Октомвриска Раволуција и 3 МУБ, Пчински пат, населбите „Перо Чичо“ и „Карпош“ и селата Биљановце и Черкезе. Од ЈП „Водовод“ објаснуваат дека по главниот цевковод се доставува 160 литри вода во секунда, додека по алтернативниот вод 40 литри во секунда. Граѓаните се жалат дека имаат слаб притисок или воопшто немаат вода во одреден период од денот што значително им ги…

Read More

Стечајците собираат потписи во селските средини

Повеќе од 3.000 граѓани со потпис ги подржаа стечајните работници во нивните барања. Потписите заедно со предлог-законот ќе бидат доставени во Собранието на РМ. Деновиве се собираат потписи и во руралните подрачја. Новина е што стечајците добиле подршка од своите колеги да предложат измени и дополнувања на  досегашниот предлог закон.
– Ние немаме веќе 50 годишници и ќе се зголеми стапката на старост, останува 15 годишен работен стаж , а 52 години за жена,  54 години…

Read More

Започна вториот уписен рок во средните училишта

Утринава започна вториот уписен рок во средните училишта за запишување на ученици во прва година. Во сите средни училишта во градот има слободни места за заинтересираните кандидати, а бројот на поените за упис е намален. Во техничкото училиште „Наце Буѓони“ најмногу апликации има за здравствената струка, додека најмал е интересот за машинската струка.
– Во електротехничката струка има 13 кандидати од утрово, а останаа уште 39 слободни места, во машинската имаме нови 20 кандидати, останаа уште…

Read More

Самоубиствата во пораст

27 годишно момче вчера си го одзело животот.  Oд засега се уште непознати причини кумановецот посегнал  по својот живот ставајќи јаже околу вратот. Се обесил на надворешната страна од петтиот кат на зградата во трговскиот центар Гарнизон, во централното градско подрачје. Случајот го пријавиле случајни минувачи на улицата „Борис Кидрич“ откако виделе дека безживотното тело на младото момче виси на зградата. Полицијата потврди дека вчера изутрина во 05, 45 часот е пријавен немилиот настан. Веднаш…

Read More

Ќе се чистат кумановските речни корита

Деновиве ќе започне акција за чистење на речните корита на Кумановка, Липковка, Којнарка и дел од Крива Река, соопшти денеска градоначалникот Зоран Дамјановски. Акцијата следи по одлука на општинскиот кризен штаб, навремено да се спречи опасност од можни поплави, а за оваа намена ќе се одвојат осум милиони и осумсто илјади денари.
-Скоро три километри ќе биде регулирано чистење, сечење на грмушки, и отклонување на можни опасности од изливање на реките сливни и Кумановка во речното…

Read More

Дезинфекција во образовните институции

Службите од Центарот за јавно здравје при Општа болница Куманово пред стартот на учебната година ќе вршат дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Ќе бидат опфатени училиштата и градинките од сите општини од североисточниот регион. Надлежните посочуваат дека секоја година во овој период и за време на зимскиот распуст вршат дезинфекција на училишните простории, а дејствувааат и вонредно доколу има  потреба.
– Таа активност започнува оваа недела пред почетокот на учебната година со тоа што откако училиштата ќе…

Read More

Се чисти дивата депонија во „Перо Чичо“

Екипа на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, во соработка со локалната самоуправа, интензивно ја чисти дивата депонија која што се наоѓа во близина на населбата „Перо Чичо“. Акцијата ќе трае пет дена, а надлежните се надеваат дека граѓаните ќе се освестат и повеќе нема да ја загадуваат животната средина.
-Ова се акции кои наназад 10 години во пет-шест наврати се спроведуваат но резултатите ги гледате самите. Поради негрижа и однесување на граѓанството во некој сегмент гледате…

Read More

Нови подови во Здравствениот дом

Во Здравствениот дом Куманово во тек е реновирање на подовите на третиот кат, каде што се сместени канцелариите на административната служба. Директорот Миомир Панковски истакна дека средствата за реновирањето се обезбедени од буџетот на здравствениот дом. Вкупната вредност изнесува 463.000 денари, а изведувач на работите е приватна фирма од Скопје.
-Се изведуваат градежни работи, всушност се работи за менување на подот, кој што е стар преку 40 години, од паркет кој што е дотраен и наместо…

Read More
1 927 928 929 930 931 937