Бектеши: Идната недела ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јајцата, оризот

Идната недела ќе се направат анализи и ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јајцата и оризот, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Како што рече Бектеши на прес-конференција во Владата, цени најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат.
Според него, анализите на Секторот за трговија и на стопанските комори покажале дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите…

Read More

ВИДЕО: Се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

ВИДЕО: Се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

„Јазикот е нашата татковина“, е една од најпознатите реченици на истакнатиот македонски писател, лингвист , книжевен историчар Блаже Конески. Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски јазик, а во кодификацијата се водел од принципите за јазикот кои претходно ги навестил преродбеникот Крсте Петков Мисирков во „За македонцките работи“.
Денеска светот го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари прогласен од УНЕСКО во 1999-та година, а во насока на промоција, негување и афирмација…

Read More

Наставничка пријавена за физички напад врз ученик

Наставничка пријавена за физички напад врз ученик

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчеравечер во 21.00 часот , 33- годишна жителка на липковското село Гошинце пријавила дека во основното училиште во кое што учел нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од наставничка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.
Уште еден случај на физички напад во текот на вчерашниот ден бележи СВР Куманово. Триесет и осумгодишна кумановка вработена во Општа болница Куманово пријавила дека бил физички нападната од лицето С.С.
Од…

Read More

МВР: Лажни се пријавите за поставени екплозивни направи во НБРМ и училиштата

МВР: Лажни се пријавите за поставени екплозивни направи во НБРМ и училиштата

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и НБРМ, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е…

Read More

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

Во насока на континуирано мотивирање на вработените во МВР, издејствувавме зголемување на платите за 5% почнувајќи од 1 септември 2022, од Буџетот на МВР, што претставува трето покачување на платите на вработени во МВР, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Во 2018 година се издејствува зголемување на платите за околу 5 илјади униформирани полициски службеници, притоа овозможувајќи издвојување на работните позиции помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени. Со ова за првпат е…

Read More

ВИДЕО:Костовски: Во решавање на спорот со Бугарија, Владата се води исклучиво од националните интереси

„Преку лажни вести, дезинформации и деструкции Христијан Мицкоски се обиде да ги ослаби државните позиции во односите со Бугарија.
Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски во решавањето на спорот со Бугарија се водат исклучиво од националните интереси и црвените линии поставени со резолуцијата усвоена во македонското Собрание“, рече на денешната прес-конференција во Скопје, пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.
Видеото по 18 часот.

Read More

Санкционирани над 140 возачи за брзо возење

Санкционирани над 140 возачи за брзо возење

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 143 возачи.
Од нив, 36 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во…

Read More

(ВИДЕО)Земјоделците аплицираат за финансиска поддршка од интервентниот фонд

(ВИДЕО)Земјоделците аплицираат за финансиска поддршка од интервентниот фонд

Земјоделците од кумановските општини поднесуваат апликации за финансиска поддршка од програмата за спроведување на интервентниот фонд, соопштија денеска надлежните од регионалното одделение на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Барањата за финансиска поддршка за вештачки ѓубриња ќе се поднесуваат најдоцна до 31 мај 2022 година, а барањата за несилки до 30 април годинава.
 

Read More

(ВИДЕО)Приказната за Пчиња

Може ли течението на реката Пчиња да биде првото прекугранично речно заштитено подрачје во регионот? Исклучителни геолошки појави, ретки видови растенија и птици и возбудливи панорами – сето ова ја придружува Пчиња од нејзиното создавање во Србија се до нејзиниот влив во Вардар.
Автор: Кирил Пржо
Режија: Ана Алексовска
Камера: Иван Поповиќ, Љубомир Домазетов, Влатко Џиковски
Монтажа: Борче Крстевски
 

Read More

Димитриевски: Целосно ќе се реконструира градскиот парк

Димитриевски: Целосно ќе се реконструира градскиот парк

„Започнуваме со целосна реконструкција на градскиот парк. Куманово ќе добие нов простор за спорт и рекреација како што доликува на еден модерен и урбан град, со нови пешачки патеки, нови смарт клупи, соларни канделабри, ново детско катче, простор за домашни миленици, нов спортски терен, нова фонтана, нов паркинг простор и платформа за одржување настани на отворено“, објави на својот ФБ профил, градоначалникот Максим Димитриевски.
„Со друг проект е предвидена целосна реконструкција на улицата „Братство и единство“…

Read More
1 2 3 4 5