(ВИДЕО) Ковачевски: Економијата е клучната област

(ВИДЕО) Ковачевски: Економијата е клучната област

Собранието синоќа пред полноќ ја изгласа новата Влада на Република Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски, која ќе има мандат до 2024 година.
Новата извршна власт ќе има 21 член. Славица Грковска е назначена за вицепремиерка за борба против корупцијата, Славјанка Петровска, ќе го води Министерството за одбрана, Јована Тренчевска Министерството за труд и социјална политика, додека Бисера Костадиновска-Стојчевска е нова министерка за култура.
На вицепремиерските функции ќе се најдат уште и Артан Груби (политички систем и односи со заедниците), Бојан Маричиќ (европски прашања), Фатмир Битиќи (економски прашања) и Џемаил…

Read More

Од полноќ ќе се точат поскапи горива

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги информираат дека се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 % во однос на Одлуката од 27-ми декември.
-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,850 денар/килограм и сега ќе изнесува 40,210 ден/кг.
Од полноќ максималните цени на нафтените деривати…

Read More

(ВИДЕО)Со заедништво и соработка до модерно Куманово, порача Димитриевски од свечената академија

(ВИДЕО)Со заедништво и соработка до модерно Куманово, порача Димитриевски од свечената академија

77 -годишнината од ослободувањето на Куманово и 502 години постоење на градот денеска беа одбележани и со свечена академија на општина Куманово во НУЦК „Трајко Прокопиев“.
„Овој ден за нас кумановци е ден што претставува симбол на слободата, на победата, на вредностите кои треба да ги негуваме за сите нас, за нашите деца и идните поколенија. Овој ден е особено значаен во македонската историја“, рече во своето обраќање градоначалникот Максим Димитриевски.
– На денешен ден, во 1944…

Read More

Момир Петрушевски: Срамно е да се изнесуваат лаги

Момир Петрушевски: Срамно е да се изнесуваат лаги

Срамно е да се изнесуваат вакви лаги и невистини, се служите со секакви средства за да ја изманипулирате јавноста, но на изборите ќе изгубите, посочи кандидатот за советник од СДСМ, Момир Петрушевски, по прес конференцијата на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, на која го обвинија дека нападнал нивна советничка.
-Срамно и во најмала рака е дегутантно да се изнесуваат вакви лаги и невистини како што денес изнесе тимот од групата избирачи. Како може да обвинувате човек…

Read More

Диаверум Куманово го одбележа Меѓународниот ден на медицинските сестри

Диаверум Куманово го одбележа Меѓународниот ден на медицинските сестри

Дијализниот центар Диаверум во Куманово симболично од 12-ти Мај -Меѓународен ден на медицинските сестри  започна со користење на нов внатрешно развиен систем TGS (Treatment Guidance System), кој ќе го користат медицинските сестри  и има за цел медицинската сестра да поминува повеќе време со пациентот за време на дијализниот третман. TGS ќе се користи на секое дијализно место преку таблет.
Предностите што го нуди ова технологија е автоматско собирање на податоци директно  од машината за дијализа, сестрата…

Read More

Дел од кумановските средношколци ја бојкотираат наставата

Дел од кумановските средношколци ја бојкотираат наставата

– Бојкотот на наставата од страна на средношколците продолжува и затоа бараме од Министерството за образование и наука да го слушне нашиот глас. Бараме создавање услови на враќање на средношколците во училишните клупи и откинување од концептот за дигитализација на образованието кое што е предвидено сега. Сметаме дека образованието има посериозни проблеми како немање на материјални услови и немање на елемантарни услови за настава во одредени региони во земјава. Исто така неопремени лаборатории како и…

Read More

Започна еко-акцијата „ ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Започна еко-акцијата  „ ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Волонтери, вработени во АРМ, во јавното претпријатие „Чистота и зеленило“  и во Секторот за комунални дејности, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата во Општина Куманово се дел од еко -акцијата насловена  „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ што започна утрово на повеќе локации во градот . Градоначалникот Максим Димитриевски посочи дека на територијата на општината евидентирани се повеќе од 70 диви депонии апелирајќи до граѓаните за повисока еколошка свест и соодветно одлагање на  отпадот и…

Read More

Продолжуваат акциите за озеленување на градот

Продолжуваат акциите за озеленување на градот

Во тек е формирање на нови дрвореди на повеќе локации во Куманово и дополнување на стари дрвореди со нови 250 листопадни садници од Јавното Претпријатие „Чистота и зеленило“ .

Во следниот период ќе се  засадат дополнително уште 200  зимзелени садници, 350 перени и 200 украсни грмушки.

-Ќе продолжиме и понтаму да ја озеленуваме и разубавуваме нашата животна средина-напиша на својот профил на Фејсбук, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Read More

Со пари од УНДП отворен шивачки салон

Со пари од УНДП отворен шивачки салон

Од идеја до реализација. Со помош од УНДП и
од државата се оствари сонот на 37 годишната кумановка Марија Гигов за отворање
сопствен бизнис. Финансиските средства во износ од 308.000 денари што ги добила
од УНДП, Гигов  ги вложила  во набавка на машини, материјали и други
средства за работа за новоотворената шивачка работилница, а добила и бесплатна
обука од нивни консултанти во Центарот за вработување во Куманово.

-Ова е мој приватен сопствен бизнис шивачка работилница, насловена Куде шнајдерку Марију. Ме…

Read More

Уште една награда за „Етно село Тимчевски“

Уште една награда за „Етно село Тимчевски“

Еден од најреномираните ресторани во Куманово и Македонија „Етно село Тимчевски“ во петок се закити со нова награда за угостителство во Ниш, Република Србија каде се одржа натпревар за угостителски објекти од регионот. Ресторанот „Етно село Тимчевски“ е прогласен за најдобар ресторан во Македонија и е препорачан од меѓународните и регионални здруженија за угостители “SACEN” и “UUTP”.
Комплексот „Етно село Тимчевски“ располага и со соби за сместување, сали за семинари и конференции и базени, а од…

Read More
1 2 3 4 5