ВИДЕО: Во завршна фаза комплексот на Спомен Костурница

Во завршна фаза се градежните работи на спортско рекреативниот комплекс на Спомен Костурница. Изградени се терените, поставена е вештачка трева, заштитна ограда, амфитеатар, паркинг простор, соблекувална и нови клупи. На локацијата ќе има фудбалско, кошаркарско и тениско игралиште, но и детско катче. До крајот на септември треба да се постават и фитнес справи за вежбање на отворен простор, да се уредат трим патеките. Изградба на овој комплекс е во рамки на проект во кој е вклучена општината.

-Во рамки на проектот на Споменик Костурница проектот се вика Зајакнување на вредностите на културното и природното наследство. Тоа е прекугранична соработка помеѓу општина Куманово од Република Северна Македонија и Општина Гљилане од Република Косово. Крајно време беше овој дел од градот да заживее малку да внесеме простор за релаксација и спортски рекреативности за граѓаните, и за постарите и за помладите-истакна Никола Бошковски, тим координатор.

Во проектот се вклучени и низа други активности како организација на различни настани меѓу двете општини.

-Во рамките на проектот имаме и некои други содржини како клупи, фитнес справи за вежбање и сакам да апелирам до граѓаните да се однесуваат совесно кон овие содржини со цел што повеќе да опстанат тука да ги користат сите, да биде добро место за рекреација на жителите на целиот североисточен регион- дополни Милош Стошевски, административен и финансиски службеник на проект.

Проектот започна лани, а треба да заврши во септември.

Коментари

коментар(и)