Замена на стари и поставување нови штедливи светилки

Интензивно се работи на замената на стари и поставувањето нови улични светилки, откако започна имплементацијата на јавното –приватно партнерство за модернизација на осветлувањето во градот. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски информираше дека чешкиот партнер ја почитува динамиката која што му е дадена и веќе околу 40 проценти од светилките во руралните и рурално урбаните средини се променети.  Тој изрази задоволство од осовременувањето на осветлувањето.

-Во следниот период ќе се продолжи во поголемите населби и централното градско подрачје, гледате и сами дека тоа е забележително. Досега сме задоволни нашиот интерен надзор кој што е вклучен во овие активности врши мерења кои покажуваат дека на одредени локации квалитетот на светлото се подобрува и до четири пати во однос на старото осветлување, а веќе до крајот на декември сметаме дека согласно договорот партнерот ќе може да го стави целосно во функција новиот систем за улично осветлување и да го преземе одржувањето на истиот согласно договорот-нагласи Димитриевски.

Приватниот партнер е должен да инвестира 4,7 милиони евра за поставување ново осветлување во градот и околните села, со штедливи лед светилки и рефлекори на над 9.000 светлечки места.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)