Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека завчера во периодот од 23.00 -04.00 часот на подрачјето на СВР Куманово е спроведена засилена акциска контрола со цел откривање на возачи кои што управуваат возила под дејство на алкохол.
Од извршената контрола контролирани се 85 возачи, а кај 27 возачи е утврдено присуство на алкохол.
Во акциската контрола преземени се вкупно 80 мерки од кои 27 возачи се исклучени од сообраќај, а откриени се и 8 останати прекршоци, информираат надлежните.