Инклузивно игралиште доби ОУ „Браќа Миладиновци“

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ доби инклузивно игралиште. Игралиштето кое се наоѓа во истурениот дел на училиштето, каде што настава следат 55 деца со попреченост, е опремено со реквизити за рекреација и за вежбање за деца и лица со попреченост. Истото е изградено во рамки на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ од Фондацијата „Чекор по чекор“, кој во Куманово го спроведуваат две организации „Порака Наша“ и „Инклузива“.

-Општината даде поддршка од аспект на техничка документација заедно со основното училиште Браќа Миладиновци. На оваа локација каде што е едно од најстарите училишта во градот, нашите партнери во проектот се погрижија да обезбедат урбана опрема на која што е монтирано и се надевам дека барем за  миг ќе ги направи среќни овие наши сограѓани кои навистина доаѓаат од специфична категорија, а се работи сепак за најмладите на кои многу повеќе треба да им обрнеме внимание особено во делот на воспитно-образовниот процес-истакна градоначалникот  Максим Димитриевски.

-Од сите шест општини каде што работиме, општина Куманово е единствената каде што имаме два гранта доделено бидејќи имавме две невладини организации кои решија во оваа прилика да ги здружат своите грантирани средства и да може да се направи ова прекрасно игралиште. Морам да се заблагодарам и на училиштето и на јавното претпријатие дека се вклучиле и во уредување на просторот околу и дека има и дополнителни работи кои ќе се направат за да биде ова уште попристапно игралиште за лицата со попреченост-посочи Бранка Џајковска од проектот.

Од организациите посочија дека игралиштето е пример од процесот на инклузија во кој се вклучуваат општините, институциите, училиштата, граѓанските организации.

-По последните истражувања што ги имавме децата со попреченост воопшто не се вклучени во културните, спортските активности поради непристапноста иако тоа ненамерно се прави, затоа што сите луѓе не размислуваат за овој проблем кога се гради нешто, но кога ќе дадеш пример како треба да изгледа нешто за да се создаде инклузија се надеваме дека отсега понатаму ќе имаме што повеќе успешни инклузивни објекти, игралишта, училишта затоа што веќе има и закон за инклузивно образование но секако сите имаат обврска според конвенцијата за правата на лицата со попреченост конкретно за ова во член 30 се обврзани и општините и институциите се што се гради, прави да биде инклузивно-истакна Благица Димитровска од „Инклузива“.

На една од обуките одлучивме со акционен план тоа да биде обука за наставниците кои што работат директно со децата со попреченост, но во договор со општината одлучивме да бидат справи за вежбање така што ние , јас доаѓам од дневен центар за лица над 18 години, одлучивме справите да се наменети за повозрасни лица за разлика од Инклузива нивните се за помали деца, така што се споивме локацијата остана да бидат во рамки на училиштето, каде што има специјални паралелки-нагласи Силвана Боризовски дефектолог Порака наша.

Игралиштето се наоѓа во училишниот двор во  еден  од најстарите училишни објекти во Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)