КК Куманово утре го пречекува МЗТ

Кошаркарите на Куманово утре го пречекуваат составот на МЗТ Скопје Аеродром во рамките на 19. коло од домашниот шампионат.

Избраниците на тренерот Александар Петровиќ, со почеток во 18 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ ќе се обидат да извојуваат победа против второпозиционираниот тим во табелата оваа сезона.

Куманово засега се наоѓа на 7. позиција со 8 победи и исто толку порази.

Од клубот ги повикуваат кумановци да му дадат поддршка на својот тим.

Коментари

коментар(и)