Неколку нерегуларности регистрираше „Инклузива“

Параваните за гласање за лицата со попреченост на дел од гласачките места ширум државата воопшто не биле поставени, исто како и сликовитите прикази, се дел од забелешките кои што ги регистрираше при вечерашното гласање здружението Инклузива. Позитивен е односот на избирачките одбори кон гласачите со попреченост и кон набљудувачите, но и набавката на монтажни рампи и гасеничари.

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово со 40 овластени набљудувачи, лица со попреченост, ги набљудуваше вчерашните претседателски избори на ниво на државата. Од здружението истакнаа дека ги набљудувале нерегуларностите кои се однесуваат најмногу за лицата со попреченост. Најголем дел од забелешките се однесуваат на параваните за гласање, на некои гласачки места воопшто не биле поставени, некои нерасклопени, а на едно гласачко место во Охрид, параванот бил поставен во ходник.

-Сите знаеме дека ниту еден гласач не гласа надвор од гласачкото место и тоа е запишано во дневникот како приговор од нашиот набљудувач. Имаат пријавено и дека сликовитите прикази на поголемиот процент од гласачките места воопшто ги нема непоставени, повеќе лица со попреченост не се пронајдени на гласачкиот список, односот на избирачките одбори кон гласачите со попреченост и кон набљудувачите е позитивен овој пат. Сметаме дека обуките кои што ги одржа Државната изборна комисија пред самиот процес на претседателските избори придонесе овие лица да бидат прифатени барем од избирачките одбори досега само на едно гласачко место, претседателот на избирачкиот одбор на нашиот набљудувач му кажал дека не е потребно тука да биде, затоа што нема такви лица, јас се прашувам какви се тие лица и како може така некој да му каже на еден набљудувач. Нашите набљудувачи се исти како останатите иако се лица со попреченост, тие се овластени од ДИК-истакна Благица Димитровска, Инклузива.

Инклузива на последниот извештај од референдумот утврди дека 71 процент од гласачките места, не се пристапни за лицата со инвалидитет, па заедно со Државната изборна комисија барале начин за ублажување на непристапноста. По ова Инклузива предложила, а комисијата успеа да набави 100 мотажни рампи, кои се распоредени во повеќето градови, како и четири гасеничари, алатка која се движи по скалите заедно со лицето со количка. Од здружението се надеваат дека овој пример ќе им послужи и на останатите институции, особено училишта каде што има ученици со попреченост.

Коментари

коментар(и)