Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 14:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 50-годишен државјанин на Република Грција. При гранични проверки и контрола на патничко возило „мерцедес” со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдена е и одземена марихуана. Известен е јавен обвинител и лицето е задржано во СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.