(ВИДЕО) Ќе се реконструира водоводната мрежа на „Никола Тесла“

На последната седница, кумановскиот Советот ја изгласа одлука за утврдување на проект приоритетен за реконструкција, на водоводна мрежа на дел од улицата „Никола Тесла“.

За овој проект се обезбедени средства во износ од 24 милиони денари, општина Куманово учествува со 5 милиони денари, а останатото е од Европската инвестициона банка. Станува збор за изградба на  3 и пол километри водоводна мрежа Ф200.

-Со оваа одлука сакам да ги информирам жителите на Никола Тесла за претходните четири години, како дел од мнозинството во Советот и како советник кој потекнува од таму, и другите мои колеги се боревме уморно и непрекинато и ја ставивме оваа улица во приоритети-истакна на последната седница на Советот, советникот Благојче Јакимовиќ, од НСДП.

 

Коментари

коментар(и)