„Ние ќе се држиме согласно законските одредби и во моментот кога парламентот ќе прогласи избори ќе учествуваме како здружение на граѓани“. Ова го изјави денеска градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.
Состојбата во државата, тој ја дефинираше како една лимбо ситуација или една општа аморфна маса во којашто секој се наоѓа себе си во одреден дел без разлика дали се работи на позицијата или пак на опозицијата.
Димитриевски истакна дека Македонците ја губат државата секојдневно и тоа мора да се спречи.