Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето во емисија на национална телевизија информираше дека Куманово е првата општина во државата што има воведено комплетно бесплатен автобуски превоз за сите граѓани на територија на општината. Од трета најзадолжена општина во државата, наследив долгови од некаде 11и пол милиони евра, денеска Куманово е една од финансиски најстабилните општини. Ги вративме сите долгови, на сметка имаме некаде околу 200 милиони денари“, рече Димитриевски. Дополни дека во првиот мандат заедно со тимот се направени, околу 400 проекти за вкупно 4 години, почнувајќи од кружни токови, асфалтирање во рурални, урбани средини, дополнително инвестиции во образованието, од четири средни училишта скоро три се комплетно реконструирани.