Министерката Царовска на средба со пензионерите

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заменик директорот на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување Илија Иваноски и претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Станка Трајкова денеска се сретнаа со пензионерите во Куманово со кои што разговараа за зголемувањето на пензиите и други актуелни прашања. Министерката Царовска лично ги информираше членовите на здружението на пензионери Куманово за претстојното покачување на пензиите во јануари 2020 –та година.  

– Растот на пензиите се базира на растот на минималната плата и растот на просечната плата, ако тие параметри растат нормално е да растат и пензиите во нашата држава. Tие ќе добијат отприлика 700 денари со она трето дополнително зголемување на пензиите, дополнително двете усогласувања со трошоциte на живот кои што им се законски гарантирани ќе останат и тие ќе си ги добијат што до крајот на годината или до исплатата во јули би требало да добиеме покачување од некаде 860 до 900 денари, изјави Мила Царовска, министер за труд и социјална политика

„Фондот за ПИО во 2019-та година бележи пораст на приходите над десет проценти, а тоа се должи на четири моменти, финансиската дисциплина на субјектите во однос на плаќањето на придонесот, зголемувањето на минималната плата, бројот на вработените кој што е енормен во реалниот сектор и зголемување на стапката на придонесот“, рече заменик директорот на Фондот за ПИО , Илија Иваноски.

– Ова се должи на политиките на оваа Влада и посебно сакам да го истакнам влијанието на нашата министерка во тој дел. Ја имаме максималната подршка како Фонд и првпат како Фонд не земаме позајмици за исплата на пензиите. Тоа се должи на зголемените приходи. Политиката на фондот е тие зголемените приходи што се остваруваат да не ги чува во залиха туку да се вратат кај пензионерите кои што го заслужуваат тоа, изјави Илија Иваноски, заменик директор на Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија

„Со ова најавено усогласување на пензиите се потврдува дека пензионерите не се запоставени, туку напротив и за нив се води грижа за да се обезбеди подостоинствен живот“, потенцира претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери, Станка Трајкова.

-Ќе се продолжува и понатаму да се усогласуваат пензиите со порастот на индексот на трошоците на животот. Меѓутоа, за да сето ова се изреализира секако дека ќе мора да се извршат и соодветни измени во Законот за ПИО. За пензионерите е битно да се истакне дека од први јануари 2020-та година сите пензии ќе бидат зголемени за 730 денари, во нивото на пензиите ќе се засмета овој износ и овој износ ќе го примаат сите корисници на пензија,  Станка Трајкова , претседател на Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија

-Денеска пензионерите лично од министерката ќе бидат зинформирани за зголемувањето на пензиите, изјави Благе Јакимовски, претседател на Здружение на пензионери „Куманово“.

На денешната средба на министерката Царовска со кумановските пензионери присуствуваше и Секретарот на Општина Куманово, Десанка Стошевска.

Коментари

коментар(и)