Неасфалтирани улиците „Тошо Ангеловски“ и „Гиго Цветковски“

Градоначалникот Зоран Дамјановски не презема ништо за да го реши проблемот со улиците Тошо Ангеловски-Ѕидар, Гиго Цветковски и дел од Јоско Илиевски, иако тие се наоѓаат на само неколку стотици метри од центарот на градот, обвинија жителите на овие улици, но и членовите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тие истакнаа Дамјановски ветил дека овој дел ќе биде приоритет и  истите биле ставени во програмата за локалните избори во 2013-та.

-Да ве потсетиме денеска е 23-ти април 2016 година неколку месеци до завршување на вашиот мандат а улиците Тошо Ангеловски Ѕидар и Гиго Цветковски се уште не се асфалтирани, додека пак улицата Јоско Илиевски се уште несанирана и на многу места недовршена, што само уште повеќе го зголемува нашето разочарување-изјави Горан Гелевски.

Тие апелираа до градоначалникот да преземе соодветни мерки за решавање на овој проблем.

-Жителите на овој крак бараат квалитетно да се асфалтираат овие улици, а не само како што е чест случај овој период, каде вашата пролетна офанзива очигледно користи само за предизборно политичко поентирање а не долгорочно решавање на проблемите на граѓаните. Граѓаните од овие улици се соочуваат со големи проблеми посебно по обилните врнежин кога преминот по улиците е речиси невозможен и непристапен за сите-додаде Гелевски.

Жителите нагласија дека правот кој што може да се забележи сериозно штети на здравјето, пред се на децата.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)