Промовирана монографијата „Македонија мојот живот“

Монографијата „Македонија мојот живот“ од Киро Кипроски, посветена на животот и делото на Гојко Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа беше промовирана во Центарот за култура Трајко Прокопиев. Книгата која е отпечатена на 550 страници, со 200 колорит и црно-бели фотографии, има големо значење за историјата на државата. Јаковлевски заедно со Драган Богдановски се иницијаторите и основачите на ВМРО-ДПМНЕ.Тој иако не бил во државата, се вклучил во македонските патриотски здруженија и влијаел врз освестувањето на Македонците кои биле на првремена работа во Европа.

-Јас како автор имав на располагање богата архива и се чудам како човекот успеал за толку години толку работа да заврши. Не само политички туку и со бизнисот, тој ја помага целокупната активност на овие движења. И понатаму тој продолжува со својата активност-вели Киро Кипроски, авоторот на делото.

Главниот лик во книгата, осудесет и едногодишниот Јаковлевски истакна дека Кипроски вложил многу труд и желба за да го создаде ова дело.

 

Пред присутните Јаковлевски зборуваше и за неговата средба со Богдановски која се случила 1963 година во Минхен, кога одлучиле да дадат се од себе за да направат нешто за државата.

 

 

 

Коментари

коментар(и)