Одбележан Денот на пожарникарите

Во противпожарната територијална единица денеска се одбележа Светскиот ден на пожарникарите, 20-ти мај. Командирот на единицата, Деан Илиевски нагласи дека го радува фактот што годинава за разлика од претходната имаат намален број на интервенции, односно 90.

-Вчера имавме една практично показна вежба во детската градинка Ангел Шајче, денеска одлучивме туку  со поранешните колеги и сите субејкти кои се вклучени во противпожарната заштита, да направиме еден скромен коктел. Во однос на пожарите досега имаме намален број во однос на минатата година, се надевам дека така ќе биде до крајот на годината. Имаме  51 вработен со оглед што во изминатиот период работевме со 27 пожарникари, сметам дека сме доста добро екипирани, луѓето се обучени, оспособени така што верувам дека на кое било место може да интеревенираме без проблем-нагласи тој.

 

Коментари

коментар(и)