Реакција од Општина Куманово на одлуката на МТСП

Законот за локална самоуправа е јасен и дециден,  ингеренции за детските градинки ги има локалната самоуправа. Во случајов министерката Царовска со овој едностран акт прави класична централизација со цел да направи упад во надлежностите на општината и да изврши нелегитимен реизбор на директор кој што веќе петнаесет години е на оваа функција додека најгорливиот проблем на младите родители во Куманово е упис на дете во детска градинка и  условите и начинот на нивното згрижување. Општината бара отчетно и одговорно однесување, етичност и морал во рамки на надлежностите, ваков е случајот и со оваа институција. Општината е отворена за соработка со Министерството на партнерско ниво, но ниту во еден случај во подредена позиција, наметнување на кадровски решенија и други форми на притисоци-стои во реакцијата од Општина Куманово до Министерството за труд и социјална политика.

Коментари

коментар(и)