Сопруги на aмбасадори во посета на Куманово

Општина Куманово денеска ја посетија сопругите на амбасадорите во државата, и тоа на: бугарскиот, турскиот, словачкиот, италијанскиот, унгарскиот, германскиот, на претставникот на НАТО, на ЕУ, на OБСЕ.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на претставничките на понежниот пол,  им ја претстави општината, како најголема во државата, во која се негува мултиетнички соживот, а беше потенциран и јубилејот 500 години од постоењето на Куманово.

Сопругите на амбасадорите, искажувајќи го своето задоволство од приемот, ги истакнаа специфичностите на државите, кои ги претставуваат, а потоа посетија културни обележја во центарот на градот.

Коментари

коментар(и)