Основци и средношколци денеска повторно излегоа на мирен протест од кој побараат да се укине одлуката за наставата да се реализира онлајн. Тие бараат да се вратат во училишните клупи, бидејќи сметаат дека нема услови за непречено одвивање на онлајн наставата, која нема да ги даде постакуваните резултати. Нагласуваат дека не секој ученик има уред за следење онлајн настава, а платформата не функционира. Сметаат дека им е укинато правото на ефикасно образование.

-Овој протест не се базира само на тоа да ставиме стоп на онлајн наставата, туку и да ви укажеме на тоа дека никој во оваа држава нема доволно средства за да ги исполни желбите. Нашите родители не се ниту милионери, бизнисмени. После само читаме по медиумите дека се повеќе македонски деца се образуваат во соседните држави, а како да останеме тука, во овој миг останатите земји следат настава со физичко присуство, но Македонија е таа која е најпаметна, тука било жариштето, токму Македонија од другите поголеми држави –посочи Драгана Спасовска, ученичка.

-Децата неписмени ќе останат тие што сакаат да учат, владата не пружа доволно за да има услови, не може на секој да му купи лаптоп, и платформата е невозможно да се направи за еден месец-истакна ученикот Кирил Димитриевски, од средното училиште Наце Буѓони.

Протестот против онлајн наставата, на која учествуваа ученици од македонска и албанска националност, заврши пред општината.