(ФОТО) Црвен крст со дефиле за промоција на хумани вредности

Општинската оранизација на Црвениот крст Куманово денеска организираше дефиле, во рамки на одбележување на Неделата на промоција на хуманите вредности, која трае од 21 до 27 септември. На настанот учествуваа ученици од основните и средни училишта, студенти и лица со попреченост, кои упатија пораки за соживот.

-Се одбележува она што целата година претходно се сработело, односно изработката на малите проекти, каде што волонтерите, учениците, помагаат на луѓето од ранлива категорија. Им доделивме благодарници на учесниците во ПХВ програмата за најдобро изработени проекти, оваа година имавме четири проекти оценети со сонце, тоа е најголемиот степен што може да се оцени еден проект и со тоа нашата општинска е помеѓу најдобрите оваа година за изработка на проекти-посочи Сања Росевска, Црвен крст Куманово.

Вакво дефиле се организираше во сите градови во државата. Волонтерите на Црвениот крст неодамна учествуваа на државен натпревар по прва помош, каде што освоија четврто место, како и прво место на натпреварот по дисеминација.

-Натпреварот имаше две траектории, имаше четири работни места, за прва помош, спортско забавен рекреативен дел и еден за дисеминација, каде нашата екипа се покажа најдобра и освои прво место-дополни таа.

До крајот на годината Црвениот крст во Куманово ќе реализира уште неколку проекти.

Коментари

коментар(и)