Преземени мерки заради зголемениот број заразени од морбили

По зголемениот број на деца заразени од морбили, кумановската болница заедно со Центарот за јавно здравје, воведоа неколку мерки. Зачестена дезинфекција, обезбедени изолациони соби за сомнителни случаи на заразени од мали сипаници и за хоспитализација се дел од мерките кои биле договорени на вчерашниот состанок на комисијата за интрахоспитални инфекции. Одлучено е да се ограничи посетата во кумановската болница.

-Од почетокот на годината заклучно со вчера на подрачје на Центарот за јавно здравје Куманово се регистрирани односно пријавени осум случаи на заболени од мали сипаници. Она што е значајно сите се пријавени во февруари така што според возраста 6 деца ни се дел од епидемијата која е прогласена во Скопје односно епидемиолошки се поврзани со нивна хоспитализација во институтот за белодробни заболувања во Козле. Возраста на децата едно е на едномесечна возраст, на осуммесечна и останатите се на шестмесечна возраст, за жал едно дете, кое почина односно пријава имаме за смртен случај на едно дете од шестмееци. Другите два случи ни се возрасни лица едно на 20 години едно на 28 години, исто така од Куманово и за нив нема епидемиолопшка поврзаност односно не дошле во контакт со некој од заболените-нагласи д-р Јадранка Стаменковска, епидемиолог Центар за јавно здравје.

Според податоците на Центарот, загрижувачки низок е опфатот на децата вакцинирани против морбили во Куманово. Епидемиологот Стаменковска апелира до родителите да ги вакцинираат децата, бидејќи на тој начин се спречува појава на епидемија. Дополни дека по прогласувањето на епидемијата во Скопје, извршиле увид во вакциналниот статус кај децата, згрижени во градинките.

На вакцинација против морбили апелираше и доктор Агрон Сулејмани, началник на детското одделние од Куманово. Тој информираше дека кај нив две деца од почетокот на прогласувањето на епидемијата престојувале во болницата, останатите биле амбулантски прегледани и веднаш префрлени на инфективната клиника.

Во 2009/10 година во Куманово  беше прогласена епидемија на морбили и тогаш бројката  на заболени изнесуваше 100 лица.

Коментари

коментар(и)