Притворен жител на Младо Нагоричане поради закана

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода Д.П. (34 години) од село Младо Нагоричане затоа што  со остар предмет  му се  заканувал на П.К. (36 г одини) од село Алгуња, Општина Старо Нагоричане. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.