Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода Д.П. (34 години) од село Младо Нагоричане затоа што со остар предмет му се заканувал на П.К. (36 г одини) од село Алгуња, Општина Старо Нагоричане. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.