КК Куманово реагира на нефер судење

Кошаркарскиот клуб Куманово денеска реагираше на неколкуте фактори кои според нивно мислење имале влијание врз конечниот резултат. Од клубот сметаат дека е недозволиво да се има неизедначен критериум на судење, во овој ранг на натпреварувањето.

Според нив во првото полувреме Куманово имало 16 лични грешки, а Карпош Соколи само 7. На крајот на натпреварот тој оност резултирал со дури 36 изведени слободни фрлања на домашната екипа, а само 18 на гостите.

-Може да се споменат и повеќето непризнаени чекори и и други чудни одлуки на судиите, но тоа го оставаме на разгледување и санкционирање од страна на комесарот за натпреварување. Иако на полувреме укажавме дека таквиот критериум создава нервоза кај сите учесници на натпреварот и дека единствено што бараме е еднаков третман, тоа не вроди со плод-стои во соопштението на КК Куманово.

Според клубот неприфатливо е репрезентативците на Македонија да се ставаат во подредена улога, во однос на како што велат легија на странци. Од таму додаваат дека не бараат привилегии, туку само изедначен критериум, бидејќи петтмината репрезентативци го заслужуваат тоа.

-Сакаме да ја запознаеме спортската јавност за уште еден факт кој претходеше на овој натпревар: во среда во 16.30 часот добивме делегирање на судии и делегат, кои под чудни околности во 18.30 часот беа заменети со сосема други. Дали ова се случи по извршен притисок од нечија страна или од други причини некој треба да објасни-стои во соопштението.

Од КК Куманово истакнуваат дека без разлика на сите опструкции ќе продолжат на фер и коректен начин да се борат за титулата. 

 

Коментари

коментар(и)