Се запишуваат идните средношколци

Идните средношколци денеска согласно Конкурсот за упис во средно образование ја доставуваат потребната документација до училиштата од 10 до 19 часот.

Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 2 јули, најдоцна до 12 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница“, пишува во Конкурсот за упис.

Ако има потреба, квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 4 јули, а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават на 4 јули.