Идните средношколци денеска согласно Конкурсот за упис во средно образование ја доставуваат потребната документација до училиштата од 10 до 19 часот.
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 2 јули, најдоцна до 12 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница“, пишува во Конкурсот за упис.
Ако има потреба, квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 4 јули, а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават на 4 јули.