И годинава голем е интересот за упис во десетте објекти на детската градинка „ Ангел Шајче“ во Куманово. Нов прием на дечињата е предвиден и во август, со оглед на тоа што бројката на деца во школските групи постојано варира, информираат надлежните.
Од јавната детска установа посочуваат дека при запишувањето на децата, од строго се почитуваат здравствените протоколи, односно задолжителна целосна вакцинација.