Средношколци од економското училиште „Перо Наков“ неделава ја посетија Телевизија Плус.
Тие имаа можност да се запознаат со улогата на медиумите во едно општество, начинот на функционирање, предизвиците со кои што се соочуваат новинарите секојдневно на терен, создавањето вести, новинарските стандарди, уредувачката политика и слично.
Посетата е по повод Медиумски ден, кој го организираше Високата школа за новинарство и односи со јавноста, во рамки на проектот Коалиција за медиумска писменост, што го реализира во партнерство со весникот „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон.