Во Театар Куманово, синоќа со почеток во 20 часот се изведе претставата Реалисти, која е во режија на Срѓан Јанаќиевиќ, а по текстот на авторката Јелена Кајго.
Претставата ја организираше културно информативниот центар на Србите во Македонија, Спона.
Во Реалисти играа Ивица Димитријевиќ, Владимир Петровиќ, Нина Деан Гачиќ, Ивана Павлаковиќ и Стефан Вујисиќ.
Со одмерена доза на хумор актерите, на публиката и ја пренесоа суровата страна од животот на луѓето кои се оптеретени со достигнување на целта „ живот на високо ниво“. Во „машината“ на капитализмот парите се над и пред се.


