(ВИДЕО)Се реконструира атмосферската канализација на кружниот тек

(ВИДЕО)Се реконструира атмосферската канализација на кружниот тек

Екипите на јавното претпријатие „Водовод“ ја реконструираат атмосферската канализација на кружниот тек, соопштија надлежните од претпријатието. На потегот  кај „ Митев мост“ постои атмосферска канализација, но поради изградбата на кружниот тек се поставуваат нови бетонски цевки.
– Екипите на „Водовод“ поставуваат двојни цевки во должина од 70 метри. На овој начин ќе се обезбеди прием на поголема количина на вода и ќе се избегне заезерување на кружниот тек и ќе се овозможи безбеден сообраќај, изјави директорот…

Read More

На петти април ќе бидат објавени првите јавни огласи од Оперативниот план

На петти април ќе бидат објавени првите јавни огласи од Оперативниот план

Првите јавни огласи за програмата „Самовработување”, „Вработување и раст на правни субјекти” и „Практикантство” од Оперативниот план за активни програми  и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за годинава, ќе бидат објавени на петти април, а останатите ќе се објавуваат етапно по однапред дефиниран распоред и план. Од АВРМ ги повикуваат сите невработени лица и работодавачи преку Центрите за вработување, да аплицираат за програмите и мерките од нивен интерес.
Инаку, Оперативниот план за…

Read More

(ВИДЕО)Денс студио „Мак“ со награди од танцовиот натпревар во Нови Сад

Денс студио „Мак“ изминатиот викенд учествуваше на Меѓународен танцов натпревар во Нови Сад.
Членовите на „Мак“ се претставија со девет кореографии со кои освоија први и втори места на натпреварот.
Годинава, денс студиото влезе и во топ пет кореографии од вкупно 300 на меѓународниот натпревар во Србија, информира Мерлин Стојановска, директор на Денс студио „Мак“.

Повеќе информации од изјавите во видеото.

 

Read More

Приведено лице на Табановце барано за „разбојништво“

Приведено лице на Табановце барано за „разбојништво“

-Ноќеска во 02.15 часот на граничен премин Табановце, полициски службеници лишиле од слобода 27 -годишен жител на Македонска Каменица затоа што при извршени проверки било констатирано дека евидира во „Стоп листа“ по барање од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги поради постоење основано сомнение дека е извршител на кривично дело „разбојништво“, соопшти МВР.

Read More

(ВИДЕО)Уписи на нови членови во МРК Куманово

(ВИДЕО)Уписи на нови членови во МРК Куманово

Машкиот ракометен клуб Куманово врши упис на нови членови. МРК Куманово ги повикува децата родени во 2010-та па нагоре да ја започнат својата ракометна кариера во клуб со богата традиција, освојувач на Купот на Македонија, учесник во Европските купови, креатор на бројни младински и сениорски репрезентативци, посветен на развој на домашни играчи.
МРК Куманово има педесетина членови, деца и младинци од сите основни и средни училишта, но уписите се уште траат. Во клубот се формирани групи…

Read More

Димитриевски до Петков: Братските народи и држави не блокираат туку се поддржуваат и поткрепуваат

Димитриевски до Петков: Братските народи и држави не блокираат туку се поддржуваат и поткрепуваат

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, заедно со 25 македонски градоначалници и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, два дена беа во работна посета на општината Сандански во Република Бугарија каде со градоначалници од Бугарија и бугарскиот премиер Кирил Петков разговараа за новата ИПА програма за прекугранична соработка помеѓу двете земји, финансирана од Европската Унија.
Во рамки на излагањето на бугарскиот премиер Петков, прв во дебатата зема збор градоначалникот Димитриевски кој ја поздрави иницијативата и заложбите…

Read More

(ВИДЕО)Тече реконструкцијата на кумановскиот театар

(ВИДЕО)Тече реконструкцијата на кумановскиот театар

Во мај годинава се очекува да заврши првата фаза од реконструкцијата на Театар Куманово. Градежните активности се извршуваат согласно предвидената динамика, информира директорот Сашо Тодоровски. Со реконструкцијата ќе се добие мултифункционален театар, но ќе биде намален бројот на местата за публиката.
-Направени се нови работи кои досега ги немаше и се надеваме дека од јуни, бидејќи треба да изготвиме дополна на проектот за една меѓукатна просторија тука во театар Куманово, се надеваме дека во јуни-јули ќе…

Read More

Од денеска започнува исплатата на минималната плата од 18 000 денари

Од денеска започнува исплатата на минималната плата од 18 000 денари

Од денеска започнува исплатата на минималната плата од 18 000 денари, за како што наведува Владата, 80 илјади вработени од разчилни дејности. Минималецот, според последните законски измени е зголемен за 2 800 денари од претходниот, чија сума изнесуваше 15 200 денари
Договорот беше постигнат по неколку состаноци на Економско-социјалниот совет односно по преговори меѓу Владата, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Организацијата на работодавци.
Како што посочуваат од Владата, во договорот за раст на минималната плата…

Read More

Санкционирани 160 возачи во земјава

Санкционирани 160 возачи во земјава

Во текот на вчерашниот ден (31.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 160 возачи.
Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 65 возачи ја пречекориле брзината во населено…

Read More

Осум нови случаи на коронавирусот во Куманово, 262 во земјава

Осум нови случаи на коронавирусот во Куманово, 262 во земјава

Регистрирани се 262 нови случаи на Ковид-19 на ниво на државата во последните 24 часа. Во Куманово бројот на новозаболените изнесува 8.
Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 39 реинфекции.
Во изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје (87) во болнички услови.
Во изминатото деноноќие пријавени сe и 326 оздравени пациенти, од нив 12 се од Куманово.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 1.770.
Во Куманово активни се 43 случаи.

Read More
1 151 152 153 154 155 408