Урбанизам: Да се поднесат елаборати за легализација

Урбанизам: Да се поднесат елаборати за легализација

Граѓаните кои што имаат поднесено барања за легализација од 2011 –та година,  должни се до крајот на годинава да ги достават елаборатите за веќе доставените барања. Раководителот на Секторот за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина Лидија Ланг Спасовска, апелира до граѓаните да го искористат кусиот временски период кој што преостанува до 31 декември и да ги достават барањата за да можат службите да ги процесуираат и обработат. До истекот на крајниот рок…

Read More

Ѓорѓиевски: На изборите победија граѓаните

Ѓорѓиевски: На изборите победија граѓаните

На овие избори победија граѓаните на РМ кои покажаа европски сенс, политичка култура, политичка зрелост.  На организираните предвремени парламентарни избори граѓаните покажаа дека македонецот знае достоинствено да гласа, рече на денешната пресконференција Зоран Ѓорѓиевски, реизбраниот пратеник од Куманово. Тој се заблагодари на сите граѓани кои што ја дале довербата на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ со заокружување на бројот еден на предвремените парламентарни избори.
-Се обврзуваме дека во претстојниот период во името на…

Read More

Мирен изборен ден во Куманово

Мирен изборен ден во Куманово

Одредени неправилности во изборниот процес  во Куманово вчера регистрираше граѓанската асоцијација  МОСТ. Во еден случај,  слепо лице дошло да гласа заедно со член од семејството кој требало да му помогне, избирачкиот одбор не дозволил и на лицето му помогнал член на избирачкиот одбор предложен од политичка партија. Во друг случај, откако член на семејството му помогнал на слепо лице да гласа без да побара дозвола од избирачкиот одбор, член на избирачкиот одбор го поништил гласачкото…

Read More

Јаневиќ: Сите да излезат на гласање

Јаневиќ: Сите да излезат на гласање

Од општинската организација на Либерално демократската партија денеска ги повикаа граѓаните масовно да излезат на гласање на претстојните вонредни  парламентарни избори в недела.  На овие избори граѓаните  самите ќе одлучат  во каква Македонија сакаат да живеат.
„ Во држава во која демократијата, правдата, слободата беа згазени од оваа корумпирана власт или во држава во која ќе има и демократија и слобода и правда за сите“ рече на пресконференцијата портпаролот на ЛДП,Филип Јаневиќ.
-После 10 години на власт…

Read More

Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ во Долно Којнаре

Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ во Долно Којнаре

Проекти од програмата  Реално вчеравечер беа презентирани пред жителите на Долно Којнаре. Носителот на изборната листа од втората изборна единица од Коалцијата „За подобра Македонија“,Никола Тодоров,заедно со кандидатите за пратеници од оваа изборна едница им се заблагодари на македонските граѓани за нивната истрајност, бидејќи како што кажа,  издржале две и пол години криза и деструкции.  Тодоров  посочи дека 11 декември ќе биде ден кога македонскиот народ ќе покаже дека никој освен него и никој во…

Read More

Дамјановски: Возилата на „Чистота “ дигале комунална опрема

Дамјановски: Возилата на „Чистота “ дигале комунална опрема

Антикорупциската комисија оценила дека е основана претставката поднесена од Коалицијата „За подобра Македонија“  против СДСМ  и коалицијата, општина Куманово,  градоначалникот на општина Куманово и ЈКП Куманово . Приговорот е поднесен за непочитување, односно повреда на одредбите од членот 8б од Изборниот законик и во него се наведува дека повредата ја извршиле вработени во ЈКП Куманово и претставници на СДСМ и Коалицијата. Наводите укажуваат дека на денот и по денот на донесување на решението за распишување…

Read More

Одбележан Светскиот ден на лица со попреченост

Одбележан Светскиот  ден на лица со попреченост

Општина Куманово во пресрет на Трети декември – Светскиот ден на лица со попреченост организираше музичко-сценски перформанс  насловен  „ Пат околу светот “. Едночасовната приредба која што се одржа во кумановскиот театар е дел од проектот Општокорисна работа.
– Него го организираат ангажираните лица во рамки на проектот Општокорисна работа заедно со лицата со попреченост на ниво на општина Куманово. Ангажирани се десет лица од кои седум во дневни центри и тројца дефектолози во рамки на…

Read More

Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ во Пчиња

Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ во Пчиња

Носителот на изборната листа од втората изборна единица од Коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Тодоров и кандидатите за пратеници синоќа одржаа мини митинг во селото Пчиња. Тодоров на жителите од Пчиња им ги презентираше проектите опфатени во програмата „Реално“ кои се однесуваат на ова населено место, изградба на водовод и на пат од Куманово до Пчиња во вредност од околу 60-тина милиони денари. Тој побара поддршка од жителите на Пчиња, како што рече, како и…

Read More

Зоран Милески – нов командант на ЗОК

Зоран Милески – нов командант на ЗОК

Бригадниот генерал Зоран Милески е новиот командант на Здружената оперативна команда. Во кумановската касарна „Боро Менков“  денеска  со воена свеченост беше извршено примопредавањето на должноста. Милески во своето обраќање истакна дека обучувањето на командите и единиците, добрите меѓучовечки односи, создавање на подобри услови за работа на вработените, но и  справување со сите видови на закани се клучните сфери на кои ќе се посвети наредниот период.
 -Изминатиот период беше тежок, исполнет со предизвици на секое поле, прогласена…

Read More

Први декември -Светски ден за борба против сида

Први декември -Светски ден за борба против сида

Денешниот ден се одбележува како Светски ден за борба против сидата . За РМ ова е последениот први декември во којшто земјата добива меѓународна поддршка  за да ги спроведува  интервенциите од Националната програма  за ХИВ. Претставници на здружението ПУЛС од Куманово и општинската организација на црвениот крст, кои што се дел од Платформата  за одржливост  на сервисите за превенција  и поддршка на ХИВ,  денеска од градскиот плоштад го упатија последниот повик за акција и минимум…

Read More
1 410 411 412 413 414 450