ВМРО ДПМНЕ: Општината ги блокира владините проекти

ВМРО ДПМНЕ: Општината ги блокира владините проекти

„Зоран Дамјановски ја оневозможува изградбата на училишната спортска сала во состав на средното училиште „Перо Наков“ кое што е сместено во објект на  поранешната касарна „ Карпош“. Салата  е дел од капиталниот проект  за „изградба и опремување на 145 спортски сали“ , а градоначалникот свесно ги блокира инвестициите на Владата“  – рече на денешната прес-конференција претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Драган Петковски.
-Иако претходно со потпишување на трипартитен договор помеѓу министерството  за образование и…

Read More

Во детската градинка се бара место повеќе

Во детската градинка се бара место повеќе

Во шест објекти на детската градинка „Ангел Шајче“ вкупниот број на старо и новозапишани деца изнесува 1.728. Бидејќи проектираниот капацитет е за  889 деца, ова значи дека во градинката престојуваат речиси двојно повеќе деца од предвиденото. Но, треба да се спомене и фактот што го покажува практиката дека 20 до 30 проценти од запишаните деца не се дневно присутни  во градинка. Директорката Марина Алексовска вели дека и годинава ќе мора да се побара согласност од…

Read More

ДПМНЕ: ЈО да го испита работењето на општината

ДПМНЕ: ЈО да го испита работењето на општината

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денеска го повика јавното обвинителство да го испита работењето на општина Куманово и да го провери основаниот сомнеж за 652 пати поскапиот превоз на ученици  во споредба со било која друга општина во државата. Од партијата посочија дека општината го прекршила законот со воведување на други услуги, а се со цел нереално зголемување на цените за превоз. „Овие пари од граѓаните, наместо за инфраструктурни проекти во Куманово,  се одлевале во…

Read More

Прославен „Свети Архангел Гаврил“ во Карпош

Прославен „Свети Архангел Гаврил“ во Карпош

Верниците од Куманово во присуство на митрополитот кумановско-осоговски господин Јосиф  денеска го прославија празникот Собор на Св. Архангел Гаврил во црквата која го носи името на овој светец во населбата Карпош. По светата архиерејска литургија, владиката Јосиф освети  вода и го пресече празничниот  колач.  Кумството две години по ред е  во исто семејство.
Дел од денешните посетители го слават овој празник како домашна слава, некои како именден, а пак останатите дошле да запалат свеќа и да се…

Read More

Куманово ќе добие повеќенаменска градска куќа

Куманово ќе добие повеќенаменска градска куќа

Куманово наскоро ќе добие мултифункционална градска куќа. Општина Куманово  откако ја откупи старата градска куќа, која се наоѓа на улицата Иво Лола Рибар или попозната како Нагорички сокак, веднаш започна со подготвките околу проектната документација за целосна реконструкција на куќата, со средства обезбедени од Програмата за развој на Обединетите Нации, УНДП.
– Најголем проблем е што тој објект е под заштита на државата од втора категорија и треба конзерватовски услуги и согласност и мислам дека од…

Read More

Двајца кумановци претепани на градскиот плоштад

Двајца кумановци претепани на градскиот плоштад

Двајца кумановци  викендов биле претепани со палки и тупаници на градскиот плоштад од пет други лица. И двајцата биле  задржани на болничко лекување.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи,  29 годишно момче седејќи заедно со друго лице во ресторан на плоштадот „Маршал Тито“  физички биле нападнати од пет лица, кои што се идентификувани од полицијата, но не е соопштена нивната возраст. Момчето  пријавило дека во сабота, 15 минути по полноќ  без никаква причина напаѓачите…

Read More

Стартува изградбата на канализациона мрежа

Стартува изградбата на канализациона мрежа

Идната недела започнуваат интензивни градежни работи околу реконструкција на постоечката и изградба на нова канализациона мрежа на подрачјето на Куманово. Механизацијата на струмичката фирма Жикол веќе е на терен во селото Речица каде што наредниот период ќе се работи на изградба на колектор. Решението за градба е правосилно од четврток, неделава по што веднаш започнале  подготвителните работи околу реализација на проектот.
-Тоа е проект на ЕБРД која три години не го пушташе,  се смилуваа сега,  најверојатно…

Read More

ВМРО ДПМНЕ: Постои основано сомнение за грабеж во општината

ВМРО ДПМНЕ: Постои основано сомнение за грабеж во општината

Општинскиот комитет  на ВМРО ДПМНЕ денеска ги повика надлежните институции да ги истражат документите и договорите за превоз на ученици кои ги склучила општина Куманово. Пратеникот Зоран Ѓорѓиевски вчера обелодени дека општината и градоначалникот плаќале за 625 пати поскап превоз на ученици споредено со Битола. „Дамјановски авионски превоз да организираше за учениците немаше да потроши просечно по 2 741 денар по изминат километар, – рече на денешната пресконференција  Марио Цветковски од УМС.
-Ако општина Битола и…

Read More

Дамјановски: Нема криминал во ученичкиот превоз

Дамјановски: Нема криминал во ученичкиот превоз

 Со изнесување на невистини и лаги од ВМРО ДПМНЕ се нанесува огромна штета на авторитетот на општината. Да имало некаков криминал тоа досега ќе го обелоденела финансиската полиција  бидејќи низ општината поминале неколку ревизии и контроли од надлежните  коишто ги разгледувале разгледуваше договорите за превоз и тендерските постапки, одговори градоначалникот Зоран Дамјановски на обвинувањата на пратеникот Зоран Ѓорѓиевски дека општината и градоначалникот плаќале за 652 пати поскап превоз на ученици споредбено со Битола, а просечно…

Read More

Водовод апелира-рационално трошење на вода

Водовод апелира-рационално трошење на вода

Граѓаните рационално да ја користат водата. Во летниот период да се воздржуваат од миење на возила и наводнување на тревни површини,  апелираат од јавното претријатие „Водовод“  кое што деновиве регистрира зголемена потрошувачка на вода. Но, и покрај зголемената потрошувачка во Куманово летово има редовно водоснабдување. Според директорот Горан Стојковски тоа се должи на одличната соработка со директорот на АД Водостопанство во државна сопственост.
-Ова лето немаме проблем со дотур на вода од нашите брани Липково и…

Read More
1 420 421 422 423 424 448