Саем за промоција на СИПР

Саем за промоција на СИПР

Потенцијални членови од двете локални акциони групи „Абер 2015 „ и „Осоговски лисец  “ утре и задутре ќе ги промовираат своите производи на саемот за  Североисточниот плански регион , кој што ќе се одржи во Скопје, во Дизајн центарот Јавна соба. Целта е промоција на сите шест општини и нивните потенцијали за развој на руралните средини, а освен производи ќе бидат промовирани и природните богатства и локалитетите во овој регион.  Покрај млекарницата Бучен Козјак, свои…

Read More

Матурантите полагаа странски јазик

Матурантите полагаа странски јазик

Во средните училишта денеска се полагаше странски јазик како дел од државна матура. Сите испити започнаа во 10 часот, а полагањето траеше три часа. Вообичаено најмногу матуранти имаат избрано да полагаат  англиски јазик .  Во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ покрај англиски, се полагаше француски и руски јазик.
-Денеска се полагааат странски јазици, англиски 102 ученика,  француски -9 и руски- 2 ученика. Полагањето започна навреме, нормално се одвива, има отсутни два –три ученика. Овие ученици имаат…

Read More

Се судрија автобус и товарно возило

Се судрија автобус и товарно возило

Жител на Кратово се здоби со тешки телесни повреди при судир на товарно возило „фолксваген  кади“ и автобус на магистралниот пат Куманово -Крива Паланка, во близина на Страцин. Во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне околу 17 часот повреден е 47 годишен кратовец, возач на „пикапот “  со кумановски регистарски таблички кој во моментот бил сам во возилото. За среќа, 49 –темина  патници во автобусот со бугарски национални ознаки кои што биле на еднодневна…

Read More

Улицата 424 во Иго Трчковиќ доби асфалт

Улицата 424 во Иго Трчковиќ доби асфалт

После 4 децении жителите на  улицата „424“ или поранешна  „6 “ во населбата Иго Тричковиќ ќе одат по асфалт. Улицата во должина од 1.250 метри квадратни доби асфалтна подлога како дел од проектот на локалната самоуправа за реконструкција на постојната патна инфраструктура.
Бидејќи за асфалтирање  има голем број улици во градот, општината до крајот на јули месец ќе настојува да асфалтира по 3.500 метри квадратни во поголемите населби.
-Ова е една витална точка бидејќи поврзува две главни…

Read More

Учениците на летен распуст

Учениците на летен распуст

За околу 11.000 основци и  речиси 5.000 средношколци денеска завршува учебната година. Годинава, основното образование го завршува последната генерација осмооделенци, бидејќи неколку години во нашиот образовен систем е воведена деветолетката. Директорите на последниот ден од учебната година се задоволни од постигнатите резултати и на учениците , но и на наставниците. Но, денеска не завршуват сите основци. Следните десет дена продолжителна настава ќе посетуваат оние ученици кои што не успеале да ги совладаат наставните материјали. Конечната…

Read More

ЕУ проект за подобрување на меѓуетнички односи

ЕУ проект за подобрување на меѓуетнички односи

Преку проект на ЕУ ќе се подобруваат меѓуетничките односи преку зајакнување на соработката и дијалогот помеѓу заедниците преку Охридскиот рамковен договор во пет општини од  североисточниот регион. Општините се одберени како таргет општини заради мешаниот етнички состав . Во рамките на проектот ќе бидат доделени  помали грантови на пет невладини организации кои што се занимаваат со женските права,  со правата  на младите и нивното вклучување во меѓуетничкиот дијалог и соработка .
-Овие теми секогаш се важни…

Read More

Протест на мештаните од Табановце

Протест на мештаните од Табановце

Жителите на Табановце утрово четири часа го блокираа локалниот пат кој што води кон транзитниот центар Табановце. Асфалтирање на пристапниот пат од еден километар и 300 метри кон постоечкиот асфалт во селото е главното барање кое што мештаните го упатуваат до меѓународните организации кои што секојдневно им помагаат на бегалците. Мештаните обвинуваат и дека во кампот се вработуваат лица по партиска и пријателска врска. Од вкупно 110 вработени, само 18 се од селото, на кои…

Read More

Заразните болести во опаѓање

Заразните болести во опаѓање

Центарот за јавно здравје бележи намалување на бројот на заразни болести во текот на минатата година споредбено со претходната, а во однос на 2013-та година намалувањето е за околу  23 проценти, рече денеска  епидемиологот  Јадранка Стаменковска, презентирајќи го пред советниците годишниот извештај за движење на заразните болести во 2015-та година. Стаменковска се задржа и на активностите кои што центарот за јавно здравје ги презема во однос на влезот и транзитот на мигрантите. Како што посочи,…

Read More

Се градат тениски терени во Куманово

Се градат тениски терени во Куманово

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и пратеникот во Собранието на Р.Македонија, Зоран Ѓорѓиевски, денеска извршија увид во градежните активности на четирите тениски терени кои во моментов се градат во Куманово во непосредна близина на спортската сала. Агенцијата за млади и спорт  за изградба на спортските терени во Куманово кои што се градат по меѓународни стандарди одвојува  19 милиони денари.
-Градежните работи ќе завршат за максимум месец дена, така што и во летниот…

Read More

Екстерно тестирање на учениците

Екстерно тестирање на учениците

Во петте средни  и во шеснаесетте основни училишта во Куманово денеска непречено се одвиваше  екстерното проверување на постигнувањата на учениците за тековната 2015/16 година во јунската сесија, информираа денеска, директорите на основните и средните училишта. Тестирањето, според информациите од надлежните на училиштата започнало навреме, без никакви технички проблеми, со претходно опремени кабинети. Учениците денеска одговараа на прашања од различни предмети, кои претходно  ги објави Државниот испитен центар и за кои учениците  беа информирани пред три…

Read More
1 424 425 426 427 428 448